Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Трагиката на родната земја, под сталинизмот и внатрешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Глобалната метафора за лавиринтите, во проектот на Татко, може да се рече дека беше најприсутна во балканската историја и таа ги содржеше и метафорите за границите и јазиците, така што заслужуваше посебен пристап.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)