Неговата мана, гледано од моја гледна точка, беше неговата ситничавост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
11. Хотелот Гранд е во центарот на Корча. Од седмиот кат се гледа целата околина и градот гледан од тука - лежи на дланка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Веројатно неговата блискост со Господа го спречува да ми се приближи, си помислив. Знам како изгледаат работите гледани од високо.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога едно од групата соѕвездија ( јатото на ѕвезди од млечниот пат) гледано од земјата имало крива линија, според обликот им заличело на кос мост (искривен мост) па според тоа име и го нарекле кос мост.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа што за другите, гледано от страна, очигледно или барем навидум беше кавга, за нив, во неа, не беше ништо друго освен расправа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)