Земјата растлеана жива пуза, отворена гладна уста со стрми суводолици, со реки од прав и пепел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И многу се нервира што некои сенки навистина имаат гладни усти и бездушно мљацкаат, само мљацкаат и не ги оставаат полжавите да ссвртат уште едно кругче на нивниот пат до малку сонце.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Гладни заби усти апат. Гладни усти заби јадат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Стравински од искуство знае дека ладовините се близначки со сенките.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сѐ е создадено за тебе, пчело
и небето, и куќиштето
подзинати како гладни усти
конус на копнежот - дом...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)