Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Виде лепливи, млечнобели дланки на полуголи и голи мадони, набабрени дојки од модро млеко, глиненоокерни, сиви, лигави скитници, колари, просјаци, снобови со гладни челусти, гладни грла, гладни очи, и беспризорни, и безработници, и провалници.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гусари, ве чекаат гладните грла на нашите топови. Капка дожд го погоди Симеоновиот кораб. И пак уште една.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Виде лепливи, млечнобели дланки на полуголи и голи мадони, набабрени дојки од модро млеко, глиненоокрени, сиви, лизгави скитници, колари, просјаци, снобови со гладни челусти, гладни грла, гладни очи и беспризорни, и безработници, и провалници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)