гладен (прид.) - сме (гл.)

И гладни сме од Богојавление до вршило. Децата ни се збрчкуваат предвреме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Секогаш пред Божик остануваме без брашно. Секогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гладни сме сите... Вас ве чекаме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Гладни сме. Леб два дена немаме јадено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што ќе ни препорачаш? Гладни сме како волци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КУРТА: Гладни сме и уморни. Од далеку доаѓаме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)