Толку храна, толку храна, а толку гладни има, а храна, да гризеш, да ги впиеш забите во нечие живо тело, да почувствуваш како зоврива крвта во тебе, трепери К*, да ја почувствуваш туѓата крв врз белите песјаци и да гризеш, да гризеш, чувствува К* со сето свое кучешко битие соленкаст и метален вкус на крвта во устата, на туѓата крв.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)