Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш, по главната улица на Битола, се појави мртовечка кола.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По сандакот одеа неколку мажи и стари жени, преврзани во црни шамии, роднини на покојникот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И главната улица има вакви гостилници и по сè личи дека пачата е солунски специјалитет, зашто, велат, не се приготвува во други градови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Среде Штутгард, до самата главна улица „Кингштрасе“, отворил ресторан, кој го носи името „Мира“. Стјепан и „Мира“ работат добро.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Трибојната куќа на герлите, која е до самата главна улица „Кенинг-штрасе“, не ја посетуваат штутграѓаните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓу новински интервјуа, некои посебно значајни, што подоцна ги даваше за различни весници, Цви Корец најмногу се сеќава на овој разговор. И ете: Ечат улиците на Жешов со извиците на продавачите на весници што забрзано се пробиваат низ реката минувачи по главната улица, по која освен разгргорен јидиш се говори и построг полски и несовршен германски.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Не е доцна, мајкин, за петнаесет минути сѐ ќе е готово.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Седнаа, или попрво Геро го седна Ванета, на крајната маса од пивницата, којашто летово беше излезена на тротоар, така што минувачите им се чешаа од грбовите одејќи кон главната улица дење и главното корзо навечер.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во повоените години доктор Станеф беше присилен да ги посетува своите пациенти во брзорастечките предградија, во кои поголем дел од стариот кварт беше осуден на уништувањето поради проширувањето на главната улица што минуваше низ него и која водеше кон булеварот со четири ленти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го собраа во рацијата на главната улица и го стрелаа со другите кај Крупиште на десетина денови пред ослободувањето и тоа токму во тие панталони.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И јас имав син. Замина една зимска вечер и веќе не се врати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели, со многу тажно лице се стори шегата со која Синесие кројачот во момент на веселост го беше довел Васе Пегланиот во градината на поругата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таму, на главната улица, забрмчуваат првите утрински ГСП автобуси: од останатата бучава ги одделува тврдоста на почетниот звук, па карактеристичното тропање отпосле.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Излеговме на главната улица. Од спротивната страна, во наша насока се доближуваат маж и жена.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Живее во Билишча и на главната улица има ресторан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одмина тој занесено низ главната улица на градот и исчезна заедно со змиите од спротивната страна на ридот по којшто дојде.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така и сторив. Го зедов ќесето со старите чевли и излегов на главната улица, меѓу непознати минувачи, во друг град и туѓа земја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Широк Сокак е приказна за себе. Така се вика главната улица по која сега зачекорив, односно така сѐ уште ја викаат битолчани, по навика или од некоја стара севда, иако званично улицата го носи името на Маршал Тито.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа минав низ теснецот меѓу ракометното игралиште и фискултурниот дом, поодев уште педесетина метри и излегов пред Офицерски, на самиот почеток на главната улица. 64 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Томо веќе беше станат од клупата и повеќе од пристојност немо ја допрати до првата такси станица на главната улица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- На главната улица имате Интернет кафе.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Како сега се сеќава на мигот кога првпат го виде; живееше во една куќа на главната улица во која таа често наминуваше. Како вчера да беше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој многу сакаше музика и често потпевнуваше за време на претставата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наеднаш на раскрсницата од главната улица по која се движеше, еден црн автомобил со огромна брзина сврте во уличето кај бакалницата по што се слушна силно шкрипење и многу гласен но тап удар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Уличката водеше до главната улица, а долу кај следниот свијок, ни пет минути од тука, се наоѓаше старинарницата во која ја купи празната тетратка што сега беше негов дневник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одеа во тишина низ една споредна улица (Џулија никогаш не прозборуваше кога беа надвор од главните улици), кога се слушна заглушен татнеж, земјата се поткрена, воздухот потемне, а Винстон се најде фрлен настрана, изгребан и преплашен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Есента веќе одминуваше, ветриштата се заменија со магли и дождови, главната улица се претвори во батак што само тркалата на запрегите можеа да ја плискаат лево и десно, како и широките копита на коњите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Снегот веќе беше расчистен по главните улици.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност оваа постапка на Грофот ме потсети на случајот со нашиот одговорен уредник, кога тој истрча од канцеларијата пред нас а ние петмината соработници се стрчавме по него и го протрчавме речиси половина град, вклучувајќи во оваа натпреварувачка патека и добар дел од главната улица за да втасаме барем во исто време кај компетентното лице во Реонскиот комитет за да ги изнесеме причините за неизвршената задача.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Продолжува – Јас за прв пат го имав тоа чувство како дете, за време на војната, кога гледав како низ главната улица нашите единици заминуваат на Сремскиот фронт.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Слезе од возот, купи каранфил, си го закачи на реверот и се упати по главната улица кон паркот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Така Ринго зачекори надвор од Зоолошката градина, и, бидејќи чекорите му се - не големи, туку - огромни, еве ти го набргу на главната улица.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Зошто жената од возот ми кажа дека продавницата се наоѓа на главната улица – помисли за момент, но целосно зафатен од потрагата, веднаш зачекори понатаму.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тргна по десната страна на главната улица.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Само појдете по главната улица – дофрли жената и исчезна во излезот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Притиснати сме од конкуренцијата, мораме да излеземе на главната улица.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Вашава куќа е на главната улица и залепена до претставништвото.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Гледаше сега непосредно под себе, кон плочникот од куќата над која беше застанат, направо во луѓето што поминуваа и нивните фигури му се чинеа уште посмалени, како прилепени кон земјата, сѐ додека не изминеа малку и не ја покажеа постапно својата исправена положба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Неколку пати се сретнаа на главната улица навечер,а еднаш Едо и се јави по телефон од јавна говорница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Онде каде што се сечат та главната улица Ѓуро Ѓоновиќ и ва одзад фабриката, нели има една сама куќичка, со двор, со многу цвеќиња и убава градина, а во дворот, пред портата има една насмеана тетка?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Меѓутоа има многу идилична местоположба во центарот на градот и гледа директно преку главната улица кон течението на Крива Река.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
„Без да знаат нашите, си тргнале на работа да си ги отворат дуќаните, и само што ќе се покаже некој од главната улица, започнуваа да се истураат врз него кундаци, ножови, камења, додека го убијат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Откако се уверила дека не ќе може да го убие султанот, Мерџановата група решила да ја дигне во воздух зградата на Отоманската банка која што се наоѓала на главната улица што одела од Галата кон Пера.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Прво се вратил таткото, а бргу по него и ќерката - и на Коцев му раскажале грозни работи: “Многу лоша работа, даскале, не можев да излезам на главната улица, Турци, Грци и Евреи се развикале како да гонат бесно куче...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Потоа скршнавме десно по една улица за која мајка ми рече дека порано била река и дека токму таму каде што чекориме течела вода кога била дете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Најпрво одевме по Широк сокак – главната улица во центарот на градот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)