Едно утро татка го посети и главниот козар Чанга, живата легенда на времето на козите, придружен од неколкумина видни козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Главниот козар почна често да доаѓа кај нас, па и тоа придонесе видливо да расте угледот на нашето семејство меѓу козарите во Козар маало, и пошироко во градот, макар што имавме само едно кревко, но за нас децата златно козле.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)