главен (прид.) - влез (имн.)

Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред главниот влез е паркиран син светнат фијат, на кој наместа се гледаат рѓосани метални делови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На левата страна од мене седна адвокатот, на десната, еден чекор подалеку, остана отпростум да стои полицаецот кој на главниот влез од Судот ме презеде од двајцата полицајци од Истражниот затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред главниот влез во дворот на Центарот уште еднаш топло се изгушкаа и си ветија дека тоа нема да биде за последен пат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На главниот влез од Судот ме внесоа двајца полицајци кои ме придружуваа и во комбето со кое бев пренесен од Истражниот затвор до двокатниот дел, додаден на левата страна од Палатата на правдата, наменет за судски процеси од криминален карактер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во дворот оддалеку со високо крената рака и мавна на келнерката Цвета, која со Илона седеше зад замаглениот прозорец на една од масите во бифето, и со уште побрзи чекори се упати кон реното во кое пред главниот влез на Прифатниот центар ја чекаше Богдан Русимиров.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
“Светот е мал и ние еден ден пак ќе се сретнеме, некаде пак ќе бидеме заедно,” си шепотеа двете, топло гушкајќи се во џипот на Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чуварот го испрати Еда со поглед до протнувањето под рампата на главниот влез и дури потоа се сврте да се искачи по скалите да види зошто го бара директорот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние го држиме главниот влез од театарот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам дома, а не излегувам на главниот влез, туку на мала врата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во петокот, Марија, скоро еден час стоеше до прозорецот од кој се гледаше главниот влез во дворот на болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Меѓу портата на ниските тараби и неколкуте скали до главниот влез, по двете страни на кратката патека, татко му беше засадил корења трендафили, а потоа ги беше калемил од диви до питоми ружи, од питоми до зимски ружи, жолти, розови и црвени, дури и една црна со латици небаре од кадифе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Остануваше да се доближиме до главниот влез на резиденцијата, низ Авенијата на палмите. И тука војник до војник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можевме да влеземе во малата уличка спроти вилата Магребија, каде што Бешир обично го паркираше мерцедесот. Просторот беше целосно блокиран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А сношти штом ја издаде наредбата да одам кон главниот влез, почна да се качува по ѕидот на нашикот уред како да освојува највисок планински врв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само јас сум бил повластен да влезам низ главниот влез на Уредот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)