Тогаш, неговата библиотека ја преплавија книги за јагулите, географски карти на кои беше обележано нивното движење, по Езерото, па низ реката што истекуваше од него, до морето и до океанот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го следевме долго дедо Симон на неговите долги и замрсени прошетки по чаршијата, кога со себе ги носеше своите географски карти свиткани во дебела ролна.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кројачите одбиваа да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските, географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно на митинг да се откаже од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кројачите одбиваат да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно, на митинг, да се откаже од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Таткото, внесен во своите книги и во своите географски карти, постојано само мисли како да го најде и да го следи патот на јагулите кога во истовреме шепата на тоталитаризмот ги покрива Македонија и Албанија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Врз неговите географски карти најверојатно се впишани и Морача, Неретва, Цетина, Крка, во чии води јагулите често наминуваат и остануваат во нив долго.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)