генерал (прид.) - чин (имн.)

Кога го доби генералскиот чин, тој некако се збрка, си ја загуби патеката и воопшто не знаеше како да се однесува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фоте се пофали, исправајќи се над стапот во скутот, како тоа да му беше повеќе од генералскиот чин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, во душата, тој беше добар човек, добар со другарите, услужлив, но генералскиот чин сосема го извади од колосек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако му се случеше да биде со некој рамен на себе, уште и можеше да мине како човек на место, мошне честит, во многу нешта дури и доста умен; но штом ќе му се случеше да биде во друштво каде што има некој макар со еден чин понизок од него, тогаш тој стануваше просто за никаде: молчеше, и неговата положба просто предизвикуваше сожалување, дотолку повеќе што и самиот чувствуваше дека би можел да си го помине времето неспоредливо поубаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)