За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, за жал, и второстепената постапка исто така завршува со несфатливо негативен исход за него!? *
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Целиот спор, сосе второстепената постапка, беше енормно скап и чинеше околу 100.000 МКД (1.640 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)