втор (прид.) - светски (прид.)

Тој им кажуваше на Армен и Алиса за десетиците книги кои ги купил овде и ги понел со себе на шпанските боишта, некои ги изгубил, други ги сочувалзачувал, носејќи ги на Балканот, пред почнувањето на Втората светска војна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, уште подобро, да не ги знаеше оние моменти од минатото на Ботка; (дека Баручиеви всушност ѝ пружиле можност на нивната роднина Ботка, секретарката на другарот секретар, да поживее кај нив подолго време, и пред Втората светска војна, а и по неа, па оттука и нејзината упатеност во сите околности што можеле да помогнат во пленувањето на скриениот имот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)