врзан (прид.) - на (предл.)

ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Социјализмот беше пресуден за прифаќање на кирилицата во Монголија, со вметнати неколку знаци за типично монголските фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кирилицата се приви и заживеа, веќе и затоа што старото монголско писмо е мошне сложено за читање и пишување, настанато непосредно од графички пренос на јазли врзани на јаже, кои се користеа како еден вид на мномотехничко средство за пренос на информацијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ЈАКОВ: Каква улога играат годините? Јас сум измислен. Го знаев и Бакуњин, анархистот. Пет месеци лежеше врзан на ѕид со синџири во Швајцарија. Потоа уште седум години во Сибир.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)