Од страсната енергија на неговото мислење се пробиваше цврстото уверување дека литературниот дискурс е нераскинливо поврзан со гестот на смелото настапување, со духот на отвореното самоекспонирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бидејќи се најдовме во временски теснец, во некаква си говорна трка со времето, веднаш преминавме на одлучувачките прашања, кои, додуша, му се опираат на брзото кажување.