врел (прид.) - компир (имн.)

Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А му го чу ли гласот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вака, требаше сам да реши - сам да го извади врелиот компир од вжарената пепел и притоа по вид да оцени на која страна е најпечен за оттаму да почне да го лупи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А паметам и такви со силен и горчлив вкус, кои тешко се голтаа, кога со месеци „обивав“ врати на клиника носејќи го во себе врелиот компир на левата страна, кај слабината, па целото тело го искривував за да најдам положба во која најмалку боли.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како да држи врел компир в уста!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дедо ми пушти цела каленица вино и кога каленицата го врвеше првиот круг, како и другпат, додека ние ги баравме врелите компири, ни допушти и ние да лизнеме по една капка вино.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)