Ако некој предмет за некого претставува убав, вреден предмет, тогаш тој не може да биде кич.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ретроспективата истовремено презентира и многубројни ситни предмети кои, педантно наредени во витрините долж ѕидовите, пожолтеле од времето; исто така и 456 цртежи од „Secret block for a secret person“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофатат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)