Добро знаеја дека уште ќе им бидам потребен како врвен познавач на паразитските микроорганизми.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен првпат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Според видените книги повеќе можеше да се здобијам со впечатокот дека се наоѓам кај професор по француска книжевност, колега, отколку кај врвен познавач на палестинското движење и на состојбите на Блискиот Исток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште неседнат, на работната маса на амбасадорот забележав две отворени книги: една беше Дневникот на Андре Жид, во кој беше опфатен и неговиот туниски период, а другата беше романот на Андре Малро Човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)