Ги нема и десетиците изгорени војнички камиони оставени скраја од патот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Првин го видовме војничкиот камион на џадето, а потоа војниците, татка и сите 12 души со него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)