ВОСОК Да пишував за време на Тито Денес ќе бев привилегиран Ќе добиев восочна фигура во музеј
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон добро го знаеше местото. Сега беше музеј што се употребуваше за различни пропагандни изложби - модели на ракетни бомби, на пловни тврдини, на восочни фигури што ги илустрираа злосторствата на непријателот и слично.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Рада ја загуби бојата, повеќе личеше на грубо изработена, восочна фигура.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И виде: литографија на Рембрант - восочни фигури со однегувани лица собрани околу восочен труп, распорен со еден хируршки замав; проказно сив кактус со многу боцкави очи; ред дебели книги со црвени и црни корици; далеку од нив , во притаениот агол заборавена детска играчка-памучен палјачо со истргната нога.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
За разлика од модернистичкиот автор, главната опсесија на Турк е да се биде присутен, а таквата опсесија ја диктира токму поп-културата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На тој начин можностите за излегување од анонимност овде се доведени до една суштинска стратегија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За него станува поважно да се репрезентира како поп-икона отколку да работи како „бесмртен творец“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Слично како кај Џеф Кунс одлучувачка станува саморепрезентацијата на уметникот, така што и афинитетот за еден или друг, односно нашиот суд за одредени уметници, зависи и од нашите позиции внатре во поп-културниот консумеризам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)