вообичаен (прид.) - место (имн.)

Овие беа вообичаени места на цивилизацијата, во кои тој беше роден и израснат, и никогаш не му паднало на ум колку анахрони беа неговите верувања и замисли во средината на овие рутински изуми на механичката ера.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Афз Б. и Мустафа С. веќе беа седнати на своите вообичаени места крај масата на чардакот, загледани во водите на блиската река.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ралфи седеше на вообичаеното место. Ми должеше големи пари.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се сети на секирата, која во ваква прилика би била попогодно оружје, но не ја најде на вообичаеното место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За разлика од вообичаените места за продавници од ваков вид, книжарата се наоѓаше во мирниот дел од Градот, со главно ниски куќи од пред војната.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)