- Кажи го волшебниот збор за да го чуеш добриот абер. - беше упорен Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Што разговарале, кој волшебен збор го скршил пркосот на младата осаменица?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таквите настани морале да бидат богати со тајни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па ако и вам, добри мои, нешто не ви се исполнува, научете се да го употребувате волшебниот збор „Ви се молам...“
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Нема да ви го прераскажувам тој расказ, само ќе ви кажам дека тој волшебен збор е „молам“, и само толку да ви кажам дека детето што пред да научи да го употребува тој збор било несреќно, никој не сакал ниту една желба да му исполни, зашто било остро на јазикот, но штом го научило волшебниот збор „молам“ сите желби почнале да му се исполнуваат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Посакав да се правам важен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Изговарајќи некакви волшебни зборови ја барав врвцата со клучот, отклучив и со широко движење на десната рака ги поканив другарите да влезат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)