Љубопитните и заинтересираните ги упатувам на фељтонот од Ванчо Андонов, објавен во „Нова Македонија“ (1973), како и на написите во врска со натамошната судбина на веќе возрасната девојка, објавувани во истиот весник, како и во весникот „Вечер“.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)