Погледна наоколу за да се увери дека никој друг не може да ја чуе, и со тивок и возбуден глас рече: - Дознав дека поголемите девојчиња, секој месец по неколку дена, непрекинато мочале крв.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Еден возбуден глас веќе дрдореше од телекранот, но само што почна, беше речиси задушен од воодушевената врева однадвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Маркос се доближи, се загледа во неговите малечки очи, го фати за офицерскиот појас и со развлечен и возбуден глас го праша: - Готов ли си да го образложиш планот и да го убедиш Захаријадис и неговите генерали - пријатели?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одамна ли те јадат вака, бре побратиме? — го праша Толе Андона со возбуден глас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали ќе заборавиме на наградите и пофалбите што ги освојувавме за нашите творби? - читаше Филип со возбуден глас, па направи куса пауза погледнувајќи кон присутните кои занемени го слушаа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Куде ме остави саму?... (Оди накај иконата) Богородице мила, помози... (си шепоти молитва). (Надвор се слуша возбудениот глас од Богдана: Ништа, ништа, брале...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)