Тоа од своја страна наметнало потреба да се размислува како би можело да се спречи напредувањето на нацифашистичките сили кон Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За ова на 22 март 1944 година била испратена телеграма од Одделот за Југославија до британската воена мисија Брејсиноус (Брасеносе), која се наоѓала на територијата на Македонија, при што се укажувало дека било договорено меѓу „Тито, Американците и нас, Американците да ја преземат мисијата при МАКЕДОНСКИОТ ГШ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така дејност развил и известителниот центар во Истанбул кој собирал информации од бегалците и патниците за ситуацијата на Балканот и во Средна Европа.22 Првата информација за организиран вооружен отпор на територијата на Кралството Југославија во Лондон пристигнала на 19 јули 1941 година.23 Самата информација дека пробритански настроените сили во Југославија му даваат отпор на окупаторот предизвикала задоволство во британските воени кругови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во почетокот на март 1944 година, во британските и американските воени кругови започнале дискусиите за стационирање на територијата на Македонија на првата американска воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Германската експанзија во југоисточна Европа по почетокот на војната предизвикала загриженост во британските политички и воени кругови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)