Еден ден во дворот на прифатилиштето влезе камион и од него растоварија цел куп воени блузи. На сите ни поделија по една.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И, кој знае, можеби затоа девојките со патерици, безоки, со обезличени образи, со истрижени глави, со лузни, со се уште незатворените рани, со празни ракави од воените блузи, со тешки војнички цокули, ни изгледаа толку убави.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И макар што сфаќавме дека писмата и сликите што ги наоѓавме во џебовите од окрвавените воени блузи сега се само многу тежок и ужасно болен спомен, ни се чинеше дека тие беа живата нишка што со своите ги врзуваше додека беа живи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)