воденички (прид.) - камен (имн.)

Коле пак, како што реков, спие под сливата, стомакот гол, папокот округол и голем, дупнат насреде, како воденички камен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Воденичарот“ ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури кога дојдоа на ширината пред Вандевци, каде што се продаваа воденички камења, Бајракот се заврте и му стори ишарет на Јована да побрза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој беше ставен меѓу острите воденички камења на мајката и жената.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немате, синковци, толку воденички камења. Ако мелете со заби, не ќе чини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето село станувало едно семејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја голтал горчливоста на очајот и пак се враќал кон дел на ѕидот што можел да му овозможи среќно вадење на друг воденички камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков (а и другите каменоломци) секако сакал да знае зошто им се толку воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Секоја куќа со воденица, рекла игуменијата. - Тоа е многу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето стоеше, во неговото мртвило се движеше мојот дух. Дедото Симон се обидуваше да ме врати во минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Ѓурѓовден заклале со благословен и пренаточен срп криворог брав на прагот на великолепната воденица, не помала од онаа на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа некои исплашени и самите да не се запрпелкаат во мрежата на болештината, ја оставиле двоколката со воденички камења и избегале со своите волиња. Тоа биле Пане Долгманов и Кирил Сукаловски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зеленикави карпи краставо ги кителе ридиштата со пештери и пештерчиња: судбината на скаменетоста ја решетеле џиновски црви што можеби живееле во минатото; тоа луѓето од селото чекор по чекор и со векови навлегувале во земјата, копале и со крвави раце делкале воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пануклата, како што ја нарекол со мудро кренати веѓи црната чума, ги одвлекла кон невратни длабочини на кралството во непознатото подземје најпрвин преврелите Сандре Самарија и Самуил Пендуш, по нив, ненадејно, и згрчениот Филип Макариев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се случувало каменот да напукне. Тогаш мајсторот можел да пцуе и да се откажува од светецот имењак. Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се работело на смени и ноќе, крај запален оган и под чадливи факели, и сето тоа движење на молчаливи сенки и сеништа чиниш било чинодејствие од некој друг непознат свет, небаре куп жилави корења биле поткренати од камен и земја со силата на мртвите пренесувачи на воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подофицерот седнува на воденички камен. Потоа мести парче хартија на колено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Над него, по поцрнетите греди, висеа неподвижни крпести пајажини, тешки од брашно, крај него лежеше голем воденички камен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некој измислил воденица. Воденичките камења пееле додека ја мелеле пченицата: Разлистајте, шуми, шумолете, води, од брашново денес бел леб ќе се роди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги раширив рацете и викнав: - Со Жеро Жерав ќе сме вечни пријатели!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тие не го жалеа штукавичавиот, тоа ситно зрно просо што го довлекле ноќните вирови под тежок воденички камен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Митра замеси цел кутол брашно и заплеска од него четарипет погачи, како воденички камења, и ги остави во ноќвите да киснат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)