LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Замина со првиот автобус. Додека возачот ги возеше тие триесетина минути, Томо го беше облеал некој чуден внатрешен немир.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа не беше чувство на блаженост, туку внатрешен немир со вкус на пелин.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Томо со крајни напори пробуваше да го смири својот внатрешен немир.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Вечерта пристигнат во Алжир, тогаш обземен со внатрешни немири, бев убаво пречекан од претставници на Министерството за надворешни работи во Алжир и сместен во најелитниот хотел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така очекував во Алжир да бидам примен на голема врата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јагулите се оддалечуваа, а во Татко се зголемуваше внатрешниот немир да се следат, за да се бара преку нивниот пат парадигмата, излезот од Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)