„Не биди смешен - му вели некој внатрешен глас - нема никаква шанса, а бараниот потез е измамен потез, една обична бесмислица, глупост една, недостојна за тебе.”
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И јас со таков сензибилитет ги интерпретирам своите внатрешни гласови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од болка во душата ќе се спасиме само ако заборавиме, ќе се спасиме само ако разбереме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Михаил Ренџов РЕНЏОВ КАКО РАСКАЖУВАЧ За внатрешниот глас Постојат автори на кои им веруваме и постојат автори на кои не им веруваме.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одлуката дека Рози мора да умре не дојде како резултат на резонирање; ниту пак не дојде од некој внатрешен глас што го присилуваше; одлука што го убедуваше или го разубедуваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Слушај го твојот внатрешен глас, тој секогаш ја зборува вистината.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Колку малку го слушаме својот внатрешен глас, колку малку умееме да ги читаме знаците што секогаш непогрешно ни ги покажуваат вистинските насоки...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Џ. се обидува и натаму да се сосредоточи на микната исповед на С., но внатрешниот глас неумоливо продолжува: - - Во решавањето на натрупаните тешкотии пресудна е решителната примена на механизмот за собирање сеништа и соништа.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Џ. иако вљубено го слуша, не може да го избегне внатрешниот глас кој се запалува на зборот „сон“: - За успешното решавање на сегашните тешкотии и проблеми во производството на соништа од големо значење е и заострувањето на одговорноста на сонувачите и одговореното и успешно ракување со средствата за производство на соништа.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Зад сето тоа остана тишина и тој се сети: никој не го викаше, тоа беше само неговиот внатрешен глас.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лесно го примав неговиот внатрешен глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Заборави ги чудовиштата, костурите и змиите, биди јунак над јунаци и удри им клоци на визиите.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Верував дека Водомар го слуша мојот внатрешен глас, сега малку трепарелив.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
(...) Да не мислиш можеби и на несигурноста при комуникацијата со себеси, кога не си сигурен дали го слушаш вистинскиот „внатрешен глас“ или само ти се присторува?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Зад сето тоа остана тишина и тој се сети: никој не го викаше, тоа беше само негов внатрешен глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Фигури од работ на умот изнурнуваат од сите агли и среде распуканата црква низ која се гледа отвореното небо.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На остатоците од римска античка урнатина ги распознаваме застрашувачките лемури, илустрации на оние “внатрешни гласови” коишто шизофреничарите, наводно, постојано ги слушаат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)