Тој исто така изразува и аспекти на твојот родов и сексуален идентитет, зашто, во рамките на општеството во кое живееме, точниот распоред и дизајнот на облиците, дебелината и облините, боите и другите стилски обележја, колку и да се апстрактни и нерепрезентативни, учествуваат во конкретна културна семантика со мошне голем полнеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие имаат особена општествена и културна историја, а оттука стануваат и носители на комплексен културен симболизам во кој се вмешани родот и сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)