влашки (прид.) - ан (имн.)

На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Провизорната сцена беше направена под тремот на Влашкиот ан, каде што беше и самиот пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И денеска на ќошот од Влашкиот ан на средсело се познаваат натписите: Лудвигштрасе, Вилхелмштрасе итн., останати од Првата светска војна, кога германските окупациони војски ги преименуваа улиците и ги нумерираа куќите за своја сметка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама и водарките пуштија чекор и таман на ќошот од Влашкиот ан — среќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)