Ставот на грчките владејачки кругови и на грчката пропаганда спрема револуционерните настани во Македонија не се разликувал од оној на турската влада. Тој бил непријателски.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Прашањето за реформи подигнато од Русија и од Австро-Унгарија кон крајот на 1902 година предизвикало значителна вознемиреност меѓу владејачките кругови на Грција и меѓу фенерските Грци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Наспроти тоа што грчкото население во цела Македонија претставувало една осмина од вкупното население (македонското било повеќе од една половина), грчките владејачки кругови сметале дека имале право да претендираат на цела, или речиси на цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Колку Европа се мешала во внатрешните работи на Турција, толку владејачките кругови во Цариград станувале почувствителни и нервозни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Руската политика кон македонското прашање од речиси сите владејачки кругови на Бугарија јавно или тајно била сметана за антибугарска, којашто не водела сметка за “санстефанските идеали“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)