вистински (прид.) - балкански (прид.)

Мајката Ервехе, како вистинска балканска – мајка храброст, со ќеркичката Дрита (Светлана), со светлина во прегратка која ќе ја води низ мрачните предели на војната, жива и здрава ќе стаса во последното спасено гнездо на семејството во Тирана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се работеше за Чанга, за тој вистински балкански анти-император во татковите размисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таа последна битка веруваше дека во судбината на Татко го открил вистинскиот балкански сојузник...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко уште еднаш како вистински балкански Дон Кихот, чијашто конечна битка никој не ја разбира, ги дочува сталинистичките книги, кога во земјата никому не му пречеа и беа препуштени на заборав, а во земјата на корените продолжуваше нивниот култ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)