вистински (прид.) - љубов (имн.)

Каква ќе биде таа моја проектирана вистинска љубов, не можев да си претставам, или сосем сматно си претставував, но бев внатрешно уверен дека сепак тоа на село станува полесно и попросто отколку во градот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ДУШАВА МИ ЈА ТОПЛАТ ТИЕ ИЛЈАДА СОНЦА ВО ТВОИТЕ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А вистинската љубов е ненадеен пламен, будење на душите, треперење на сетилата, носи спокој и мир во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во ноќите осамени се сеќавам кога ги соединивме нашите души и секој пат беше ново, неоткриено, возбудливо, слободно, возвишено и посакував да трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта се случува, не и треба забрзување, претенциозност, репресија, патетика, подготовки, исчекување, таа се случува или не.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„И знаеш ли што е тоа љубов?“ Прашај ги обичните луѓе. -„Тоа е тага, тоа е само тага.“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе копнеам по твоите очи и ќе верувам во едно среќно вљубување , затоа што вистинската љубов си го наоѓа патот кој води до саканите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И јас го познавам поразот зошто и јас еднаш загубив, нешто скапоцено, една душа која љубеше, едни раце кои милуваа, едни очи кои беа моите сонца, едно срце во кое бев јас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ДЕЛ СУМ ОД ТВОЈОТ СВЕТ, МОЈАТА УБАВИНА Е ЗАМРЗНАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ, НА ДУШАТА ТИ СПИЕ МОЈАТА ЉУБОВ, А И МОЈАТА БОЛКА И МОИТЕ СОЛЗИ НЕ ТИ СЕ ТУЃИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистинската љубовта ќе ја дочека својата раскошна пролет, семето на верата е во нашите срца, тие се прекрасни опојни цветови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистинската љубов не прави ранливи и толку лесно може да се повредиме а толку тешко да простиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„А како изгледа вистинската љубов?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислам дека бракот ќе биде уште еден додатен мотив симпатијата да прерасне во вистинска љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека така размислуваше дали ќе мора да ги гледа и лицата на оние што ќе мора да ги убива, мајка му, седната спроти него, со нозете подвиткани под себе, со оној ист народен напев некаде во заднината на зборовите што ги кажуваше, му објасни што значи вистинска љубов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но во тој миг таа немаше друг избор освен да остави тој да ја исполнува и да ја повреди со својата љубов, зашто вистинската љубов никогаш не може да се одбие.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Човек никогаш не може да ја планира вистинската љубов, му рече, ниту пак соодветно да се подготви за неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оти тој е живиот доказ за постоењето на вистинската љубов: таа ја гледаше во него љубовта секој ден, секој миг од неговиот живот, во неговите очи, сини и бистри, исти како очите на татко му, онакви какви што таа ги паметеше оттогаш кога и тој вистински ја љубеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека тој се плашеше дека ако остане, некое утро ќе се разбуди покрај неа и ќе сфати дека таа не е таа, и дека згрешил, и дека не успеал да ја најде вистинската љубов, таа мудро ја прочита пораката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште ќе ви кажам: блажени се оние што спознале оти жените не се подолу, ами повеќе од нив, оти само така ќе научат дека вистинската љубов не наредува и не заробува, ами човека го издига и го ослободува без страв да оди кон Совршенството“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште му рече дека еден ден сигурно ќе сфати, како што таа веќе сфатила, дека вистинската љубов, како вистинската вера, може само да те ослободи, а не да те зароби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некои велат дека вистинската љубов е кога ќе ја најдеш својата душа во некој друг.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А што се случувало потоа, тоа е тајната што Таша изгледа немаше сили или не сакаше да ја разреши“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На пример она: „Јас сум уверен дека детето е плод на вистинска љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете што ти е тоалетното креденче... Тоа кремчиња за лице и дневни шампони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш одите кај него на Апер Маркет и од петни жили стискаш да не одиш во тоалет, зашто тоалетот е тужибабата, мечтоубиецот...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А на казанчено секогаш ги имаат оние, златнине тацнички, да им се сневиди, со куп шарени топчиња сапун!321 Кој да знае дека шарени топчиња сапун можеле до толку да бидат смрт за вистинска љубов? ‌‌Токму во овој контекст штосот на другар ми дека и дечко му и тој ќе копнееле по венчаницата ја открива својата вистинска значајност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да го изговориш тоа значи да признаеш дека ти и предметот на твојата љубов сте недостојни за сериозното сфаќање што му следува на мажественото достоинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“205 Во овој пасус, Зонтаг можеби ја преклопува неискреноста на кампот, неговата отуѓеност и далечност од предметите и практиките со кои се зафаќа и ја запоставува неговата вистинска љубов кон нив.206 Но, има право што го нагласува темелното доживување на сите идентитети како улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Срцето му тропна и му ја откри вистинската љубов.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Блискоста на Сара и брат ми започна при нивната прва средба, уште во мигот кога тој ѝ се приближи во нејзината соба, благо подавајќи ја раката, а таа стана, обидувајќи се да ја одржи рамнотежата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можеме да речеме дека се лесни тие први љубовни страдања, тие први треперења на срцето, но да речеме и тоа дека се нормални и дека во нив сѐ уште се испреплетуваат и другарски чувства и другарски односи и дека тие сѐ уште се само вовед во вистинската љубов што доаѓа во позрелите години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сериозно сметам дека вистинската љубов откако ќе завладее со нас избегнува да се проверува во допири со омразата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа беше големата и вистинска љубов на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, ми ја наближи речиси до увото онаа негова смрдлива муцка и ми шепоти дека Сузи не била љубов само на Ролан, туку и негова лична симпатија била.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во вистинската љубов, сѐ се враќа, на чудесен начин се премостува времето. – За патувањето во Италија, мили, јас, за прв пат, си ја облеков одеждата од свадбените дарови што ми ја донесе ти, за нашето свадбено патување!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)