вистински (прид.) - чудо (имн.)

Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човековиот дух е најмоќен. Човекот е вистинско чудо – ја заврши приказната старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како го прави тоа – никој не знае. Неговите скокови се вистинско чудо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се случи вистинско чудо. Слонот се грижеше за малото слонче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Господе, како можеше тој да издржи, тоа беше вистинско чудо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)