вистински (прид.) - чекор (имн.)

Ми преостанува само да го чекам вистинскиот момент за да го направам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се трудам да го слушнам гласот на интуицијата, зошто кога се раководам според неа, секогаш го правам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но Грдан не знаеше ни да игра ни да свири - во играњето никогаш не го погодуваше вистинскиот чекор, па само го газеше својот партнер; а во свирењето не го бидуваше за тапанар, иако тапанот лежеше пред него и требаше само да го допреш со некое од двете стапчиња па да издаде громок звук, ама навреме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никогаш не ги забораваше неговите зборови: Потребни ни се луѓе како вас, за да го фатиме вистинскиот чекор со Европа!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)