вистински (прид.) - татко (имн.)

Ваквата неиздржлива агонија ја прекина жена ми, кога еден * Запис пронајден во мемоарите на среќно оженет човек ден ми кажа дека вистинскиот татко на детето не сум јас, туку некој ментално заостанат човек, пациент од душевната болница во која таа работи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Леснодајната Ана забремени, но за да биде бруката поголема на прашањето на Томо од кого е детето, не знаеше да го посочи вистинскиот татко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој постојано посакуваше на Едо да му го даде своето презиме Пашалески, но му стануваше незгодно зашто секогаш при тоа се присетуваше дека Дракче, за кого тој знаеше дека му е вистинскиот татко, беше мачен човек, болен од офтика и кутриот толку мачно загинал па така, за да не ја мати водата кога ѝ треба разбистрување, Едо остана да си биде Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шумарот одеше и одеше меѓу дрворедите со мајмунчето околу вратот, надевајќи се од некаде да излезе вистинскиот татко на мајмунчето, но попусто.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)