вистински (прид.) - страст (имн.)

Во исто време започнува и Кејџовото сѐ поголемо интересирање за источната филозофија во која на почетокот го привлекуваа “еротиката и мирот, двете во индиската традиција постојано присутни чувства”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа првобитна интуитивна наклонетост подоцна прерасна во вистинска страст и стана дел и начин на Кејџовиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врв помеѓу делата од индиската фаза се Сонати и интерлудии (1946), обичен циклус со медитативен карактер со форми кои се повторуваат(сонати) и кои не се повторуваат (интерлудии).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, вистинската страст на Фридрих Велики била музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Епилепсија на смислата за форма Одредени орнаментални гравури од околу 1600, освен што влијаеле врз нашата современа уметност, значајни се и како илустрација за една од најопасните духовни стапици што го загрозуваат маниризмот: се раѓа и манифестира вистинска страст за украсување, едно налудничаво играње со потполна неоформеност, повремено пријатно продирање во подрачјата на паранојата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во денешна Европа, освен католичката светска црква, белки постои, заедно со академскиот хуманизам, само уште еден духовен космополитизам: „Маниристичкиот“ езотеризам. Fabius Von Gugel, Семафор 228 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)