вистински (прид.) - смисла (имн.)

Анте ПОПОВСКИ „Патувања“ во извесна смисла може да се рече се преиздание на моит епатеписи „Од Париз до Истамбул“, ЗИД „Нова Македонија“- 1973 година. меѓутоа не е така во вистинска смисла на зборот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со тоа станала можна и историјата, во вистинската смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа се плаши од декократскиот, а со тоа воедно и егалитарниот карактер на модерната култура и модерната европска интелектуалност со коишто во вистинска смисла и почнува Новиот Век, како што Декартовата “Расправа за методот” почнува со реченицата: “Ниедно нешто на светот не е подобро распределено од здравиот човечки разум.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од сите оние коишто соработуваа со злосторничката тајна полиција на Пиноче во вистинска смисла прозбореа само жените.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа Ласиќ зборува за себе, се соголува идеолошки и политички, а Крлежа е тука само смоквин лист, кој не ја прикрива, туку допрва во вистинска смисла ја покажува голотијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Востаниците ја разбраа оваа положба и побрзаа да се склонат во оваа непристапна област, чии паша, Толе, не признаваше ни цара ни везира, ниту пак некакви горски штабови, началници и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грабињаат двата сиви коњи како да се натрчуваа со самовилите, а двајцата луѓе викаат со страшни гласови: — Варда, варда конзул ефенди ѓелди, — и за миг се створија пред портата на Алимасковци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Притиснати од силите на Дургут, Али и Бахтијарпаша од југ, од оние од Џавидпаша од северозапад, сите востанички водачи се најдоа еден ден баш во ова Толево Мариово, каде тој во вистинска смисла на зборот пашуваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Готови се, печени во вистинската смисла на зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Всушност“, вели Лефевр, „како би можеле да постојат урбани митови во вистинска смисла на зборот, пред големото пресвртување што го наведува сето општество да се стави на страната на урбаната стварност намалувајќи ги специфичните тежини на земјоделството, селскиот живот, проблемите на селаните?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нема дури веќе ни власт во вистинската смисла на зборот: и таа се изопачила, изродила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве, ова го очекуваат луѓето од религијата – ваква родителска заштита,“ рече Зигмунд, покажувајќи кон сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој убав дворец не е веќе траурна зграда, туку здание на светлината или „Сарај на убавите уметности“. Во вистинската смисла на зборот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го погледна последниот празен лист пред себе и длабоко воздивна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос – секогаш им велеше на сите, поттикнувајќи ги на љубов и на проштевање кон другите, сè со надеж дека така ќе ја најдат вистинската смисла на своето човечко постоење и дека ќе ја видат големината на Божјата сила наспроти слабоста на својата човечка природа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така би можело да се дојде и до вистинската смисла на многуисмеваниот извод: lucus a non lucendo2** Во својата расправа Потекло на јазикот (1885, стр.305), Абел предупредува и на други трагови на древните мислителски напори (Denkmühen) И ден денес, Англичанец, за да изрази “без”, вели without, значи “собез”, како што се употребува во источна Прусија (mitohne).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Допирам до нивната вистинска смисла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Човековата смрт е многу чудна работа. Кога бев дете, често размислував за нејзината вистинска смисла. Ми изгледаше застрашувачка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Камилски, кој, впрочем, ја предложи на почетокот од работата потрагата по опасните османотурцизми, макар што беше мошне темелен во толкувањето на заемките кои беа под негово негова надлештвонадлежност, започна да покажува поголема нестрпливост отколку Татко да одат до крај на мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една османскотурска заемка ќе ги води по два или три пата на разбирањето, но без некогаш да се стигне до вистинската смисла, како да водеше до некоја ирационална цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патем, тоа важи и за терминот „андерграунд” (кој многумина често погрешно го поврзуваат со култот кон дрогата кај нас), кој не постои во вистинска смисла ако го прифатиме мислењето дека целата држава ни е „андерграунд” (колапс на стопанскиот, па и на правниот систем).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Она што излегуваше од него се состоеше од зборови, но тоа не беше говор во вистинската смисла на зборот, тоа беше несвесна врева изговорена, како квакањето на пајките.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напротив, исправноста во вистинска смисла бара целосна контрола над сопствениот ментален процес, каква што има акробатот над своето тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова, всушност, и не беше нов вид договор, во вистинска смисла на зборот, бидејќи во ЗРО (1993) беше изоставена одредбата од ЗРО на СРМ (1990) која предвидуваше дека работник кој, во една 20 или повеќе организации или работодавци, остварува полно работно време – може да работи уште кај еден работодавец, за 1/3 од полното работно време, при што мораше да обезбеди претходно одобрение од надлежниот орган кај својот „стар“ работодавец (чл. 25, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во сите наброени случаи работодавачот не смее да го откаже договорот, освен ако е поведена постапка за престанок на работодавачот (чл. 45, ЗРО/05). 19 Но, во поглед на притворот, оваа одредба всушност и не е нова во вистинска смисла, бидејќи уште во ЗРО на СРМ (1990) постоеше изречна одредба, која со носењето на ЗРО (1993), несмасно, беше пропуштена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само Татко умееше да проникне најдлабоко во Мај­кината самота, да ја разбере, да ѝ ја открие вистинската смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Суптилните сензации како простувањето, сочувството, грижата се клуч на вистинската смисла и целта на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Емоционалната интелигенција ќе ни помогне правилно да го интерпретираме тоа што срцето сака да ни го каже, да ги следиме реалните сонови, желби и потреби за де не отидеме во погрешни правци, мислите да не запловуваат во други надреални места, зошто тоа не е и нема да биде стварност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Делата за магнетска лента на Луенинг и Усашевски, Луис и Бебе Барон не можат да се наречат авангардни во вистинска смисла, бидејќи ги задржуваат конвенциите и прифатените вредности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
До законот стои палка, за да може на лекомислените, вообразените или превратниците да им втера страв во коски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Толеранцијата не е од тој вид. И кога говорот за толеранција е политички, скоро секогаш цели на вредносната определба на постапувањето и однесувањето, што правно не е санкционирано, на вредноста што делува “покрај” системот казни и награди, вградени во правното уредување. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 81
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Законот е проследен со исто така законска казна за секојшто во однесувањето во склад со него не гледа вистинска смисла.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)