вистински (прид.) - случка (имн.)

Ќе ви раскажам една вистинска случка која, мислам, на убав начин ќе ја поткрепи и објасни оваа поговорка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека бев во Берзата, чув една шега, поточно вистинска случка за еден берзијанер, од која може да се види колку тие се внесени и „запалени“ во работата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За мене е многу интересен еден негов личен исказ во врска со ова прашање: (всушност ја продолжувам приказната со желба да ја добијам наклонетоста на Виктор за мислата што ја застапувам) Вујче самиот ми раскажа една вистинска случка што можеби нешто објаснува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)