Оттука е и негова софистицираност-невиност, бидејќи верувам дека Ворхол некаде длабоко во себе веруваше во вистинска слава - како есенција на вистинска каризма.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(...) Како и да е, неуспесите на Ворхол имаат помалку пресудно значење за она што остана од Фектори сега, а тоа е идејата за слободна популарна уметност - пракса на музика, зборови и слики која прибрано ги урива постоечките критериуми, која го одбира својот пат низ антидатираната комерцијална забава, и ароганцијата на институционалната доблест до некои колоквијални синтези. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 153
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во неколку наврати после атентатот, напомена дека тој мислел дека било јасно дека се шегувал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој веруваше во целата ебана работа, верувам, наспроти средствата што ги користеше за манипулација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)