вистински (прид.) - пролет (имн.)

Штом го фрлиш зимскиот капут, не ти е потребен ни мантил.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа беше крај на март и почеток на вистинската пролет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поправо и нема вистинска пролет во Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако покривите почнаа тукушто да се цедат од заблагнатото време, небаре беше пукнала вистинска пролет, така се чинеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мартовскиот пролетен ветер навестуваше вистинска пролет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)