Стариот пак уште повеќе се наоструваше против него и потсеќаваше на оние диви ѕверки што биле припитомени извесно време, но потоа нагло, поради една или друга причина ги напуштаат привичките на питомоста и пак се настрвуваат и пак ја наоѓаат својата вистинска природа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Фридман (Freedman) тврди дека вистинската природа на хемиски предизвиканото искуство е таква што ја оштетува било која насочена активност со репродуцирање на ефикасноста на интегративните и синтетичките функции.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ворхол беше поборник на класичниот ситем на холивудски yвезди; како што вели Тејлор, „Ворхол тврди дека никого не го интересираат ликовите што Мерлин Монро ги игра.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нејзината публика ја сакаше Мерлин како Мерлин - и тоа е вистинската природа на квалитетот на yвездите”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Вклучувањето на жените во платената работна сила и женското право на абортус (освен во Романија, и само со сериозни рестрикции во Бугарија), утврдени во уставите и законите, ја симболизираа, исто како што тоа го правеше и државниот став кон религијата и приватната сопственост, вистинската природа на комунизмот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа значи да се опише клукањето на гуската во светлина на фактот дека тој чин претставува расчовечување, спуштање под ниво и осквернување на вистинската природа на човечките битија и животните.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Секој оној кој ќе го постигне најблискиот ефект на својата вистинска природа, станува генијалец.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Можеби е најмудро, иако најтешко, на нив да се гледа на двата начини, да се прифатат во нивниот свет, без обврска да им се верува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Major Victory, меѓу Викторијанизмот на нивната пркрасна куќа, останува клучно уметничко искуство, перформанс на совршена рамнотежа и мистерија што ве остава збунет, токму како и вистинската природа на нивните животи заедно, нивното финално кодирање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)