Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Играњето покер, чие значење не го разбиравме, за нас, помалите деца, претставуваше вистински празник во куќата крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Посетата на лекарот во домот на Марија, за неа беше вистински празник. Па и за сите во семејството.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Игра која точи омај, убавина, не само во тој што учествува, туку и во тој што гледа. Вистински празник.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сакате да ја зарадувате, сакате тој ден таа вистински да се чувствува убаво, денот да ѝ биде вистински празник.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)