И словата на блажен отец Лаврентиј се тука; ги исполнуваат празните страници на новите книги онака како што си биле сочинети, како ништо да не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Онде пак кога говори за една Франција или Германија, за Турција или Амстердам, Никола Кирков знае во овае ера на вистински поплави од информации, да избере тема која се наложува со нејзината автентичност и значење.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И во следниот момент, вистинска поплава од познати букви го затрупува видикот: манастирот е поплавен од убави слова, што еве, влегуваат во празните книги и се враќаат на свои места, како што си стоеле запишани од раката на последниот македонски ректор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Преку радиото и телевизијата надојде вистинска поплава од патриотски говори, воена музика, филмови од нашето херојско минато.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Отец Лаврентиј трча со солзи во очите и се смее, скока од радост, ја тегне камбаната и ѕвони пред утрински дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)