Овој вид теории кон крајот на 20 век имаат сè поголем број приврзеници.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но се поставува прашањето дали и тие се на вистинскиот пат кон конечното решение, бидејќи во најголем број случаи овие теории како да го губат од вид особениот карактер на менталните состојби.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Знаев дека сме на вистинскиот пат.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако го додадеме и тоа дека политичкиот театар ја означува театарската активност во борбата за остварувањето на напредните идеи, ќе заклучиме дека лондонските театарски адоранти се на вистинскиот пат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Опљачкана утроба, од едно демнеење... Молкнувам...барајќи го вистинскиот пат кон иднината неизречена...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Господ да ми те поведе на вистинскиот пат! Виделина мракот да ти се стори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како ќе се снајдам да излезам од глибов? - речиси во исто време кон неа беа пружени четири раце кои ја извлекоа и и го покажаа вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа е жена за која веруваше дека со своето животно искуство може да ја изведе на вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Клекната под иконата на заштитницата на раѓањето, Рада тивко колку самата да се чуе ја започна својата исповест: „Помогни ми пресвета Богородице да го одберам вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нема кој да те фати за рака и да те води кон вистинскиот пат на животот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се чини дека млади луѓе како Jaron Lanier се на вистинскиот пат. Ted Nelson е секако голема ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Собираше, класираше книги за козите, за јагулите, за јаничарите, пред секогаш зачудената Мајка, небаре осудена да ги поднесува неговите илузии и верувајќи дека, сепак, еден ден ќе нè изведат на вистинскиот пат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ќе го најде вистинскиот пат помеѓу императивите на прогресот и вечните закони на природата...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко, восхитен и возбуден, ја гледаше макетата, назнаките на глобусот, вистинскиот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тука беше обележан вистинскиот пат на јагулите, најубавиот и најнеизвесниот пат на планетата Земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А јагулите, зарем не беа познати и како божји претскажувачи, впрочем таква улога им припишуваа во далечните митологии, за да му го покажат на Татко и на семејството вистинскиот пат, во потрага по излезот од грешниот круг на егзилот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во овие книги беше вникнат трајниот извор на сеќавањето, а претпоставениот пат на јагулите и нивното враќање ја криеше тајната за можниот крај на семејниот егзил, во откривањето на вистинскиот пат кон земјата без враќање...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Добриот Бог како да ни го исцртал вистинскиот пат на земјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Колку и да беше внесен во своите реални и метафизички замисли да го следи патот на јагулите, тој остануваше немоќен да им го покаже на Гури Порадеци и на неговите синови вистинскиот пат, патот преку границата, преку другите граници сè до Америка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За среќа, на страниците на Луан Старова, не е изгубена сета надеж, и животинската раса е овде, како што тоа беше случај во Времето на козите, за да го врати залутаниот човек на вистинскиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се надеваше дека најсетне се нашол на вистинскиот пат и таквата размисла го исполни со оптимизам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но по прашањето на војните не бев на вистинскиот пат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Учеството на Рајна во тој весел живот на Генералот би бил значи само беззначајно делче за кое не чини дури ни да се размислува а камоли да се преземаат некои непромислени чекори, и дека Рајна всушност и прави услуга на својата пријателка Трајчеица наведувајќи ја на вистинската трага, или уште поточно, на вистинскиот пат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Филип: Синко, само кажувањето на сите објективни причини лесно може да те води по вистинскиот пат!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Човекот само на земјата може да го очекува вистинскиот пат: да биде вреден работник, храбар војник, верен комунист.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка упорно, до крајот на животот, веруваше дека само светите книги на крајот водат кон вистинскиот пат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)