вистински (прид.) - нешто (имн.)

Одговорот не го знаеше ни сега, но кога ќе се сетеше на сè, му се чинеше дека неговата генерација ја помина оваа деценија во една постојана противречност – кажувајќи ги сите вистински нешта, а истовремено правејќи ги сите погрешни работи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ропна два-трипати од првата чоколада што ја одвитка и гровна со восхит: - Вистинско нешто за мечкиниот вкус! За мене се? - За твоите деца.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Секогаш вистинските нешта ги отфрлав од себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)