Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така им објаснуваше Димо на простите мариовци: дека само грчката наука е вистинска наука, додека сите други науки се ѓаволски или украдени од грчката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)