вистински (прид.) - мајстор (имн.)

Имав наловено доста, вистински мајстор бев да ги фаќам со раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Старчето Диониш, иако малку збунето и преплашено, прифати да го сместат во помалечката просторија каде што Чана, како вистински мајстор, од неколку гредички, од три штици, од неколку метра конопено јаже, направи вистински кревет.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Инаку свири на оргули, ќе имате прилика да го слушнете. Вистински мајстор е за оргули.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој вовед е достоен на вистински мајстор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сигурен сум дека еснафлиите знаејќи кој од нив е до каде во занаетот, кој е вистинскиот мајстор, кој е кандидат за мајстор, кој е сè уште калфа, а кој од чираците има талент бргу да напредува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)