вистински (прид.) - лице (имн.)

Сфатив дека дошло времето, типот почна да го покажува вистинското лице.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зад маските повторно се појавуваа вистинските лица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакаше сам, без сведок да се пушти во разговор со „емигрантот”, кој започнува да си го покажува вистинското лице.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
•Најдобрите личности во филмот се споредните улоги, судијата, Чарлс Лотон, и неговата жена, Етел Баримор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секоја убава жена претставува компромис со злото - понекогаш надворешните обележја на злото го прикриваат вистинското лице на жената.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На местото од „шерпи и кутљачи“, сега редам фини теглички од „помадици“ против брчки и длабоки бразди и се откажувам од гордото покажување на моето вистинско лице и времето испишано на него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само мртвата глава има конечен изглед: свртена е во своето вистинско лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистинското лице на неговите родители... Па и неговата. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зад една таква кривина се наоѓа народната кујна, отворена неодамна, откако дел од народот се судри со вистинското лице на филозофијата на нокаутот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Белки нема да одречете дека тоа беше судбинскиот миг, во кој и злото, и тагата, и стравот, и неизвесноста, сè стоеше пред нас, исправено, грдо; и ете, тоа беше тој голем момент што ни овозможи да го здогледаме вистинското лице на нашата проклета судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)